Охридското езеро со денови на минималната дозволена кота

Шести ден нивото на најголемото природно езеро во земјава е на 693,10 м.н.в. Еколозите велат состојбата е повеќе алармантна, езерото е ппред еколошка катастрофа.

 

Честите осцилации поради искристувањето на водениот ресурс за производство на електрична енергија имаат огромни штетни последици врз ендемичната флора и фауна, која милиони години егзистирa во него.

– „Сметаме дека заради лични интереси со испуштање на водата од Дрим за хидроцентралите се врши еко катастрофа на Охридското езеро со тоа што се уништува и растителен и животински свет. Сметаме дека треба да се стави крај на тоа“, вели Борис Џајкоски еколог од ЕД „Грашница“.

Големите осцилации на водениот басен имаат и штетни последици врз културно историските споменици на крајбрежието..

-„Ние како наука се залагаме постојано дека не може една организација која што постојано произведува струја да управува со истекот на едно езеро кое што тој регулативен систем овозможува во даден момент голем пад на самото езеро“, а со тоа и влошување на состојбте во крајбрежните региони“, вели Зоран Спиркоски од хидробиолошкиот завод Охрид.

Намаленото ниво на езерото е најзабележително на градскиот кеј и на пристаништето.Еколозите со години алармираат езерото да не се користи како акумулација. 

 

Од „ЕЛЕМ“ причината за намалувањето на нивото на Охридското но и на останатите природни и вештачки езера во земјава ја гледаат во долгиот сушен период.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани