Поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(52) од Струга. Тој, во својство на сопственик на катарстарска парцела во Струга, во текот на годинава, без соодветно одобрение и спротивно на основниот урбанистички проект, започнал со изградба на станбена куќа. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да се отстрани дел од нелегалната градба, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.