Струга на врвот по смртност од корона вирусот

Струга   прва на листата  по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност  во земјава.

 

Една од причините е задоцнетото  барање лекарска помош, но и возраста и  хроничните заболувања кај починатите пациенти.  Во првиот пролетен бран  во струшко имаше поголема смртност,  луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да се тестираат,  сега ситуацјата е поинаква. Пациентите се посвесни за опасноста од болеста  и при првите симптоми бараат лекарска помош.

„ Голем е бројот на лица коишто имаат интерес да се тестираат и уште при првите симптоми губиток на мирис или вкус, дали е тоа блага темппература доаѓаат на тестирање“, вели Сашо Точков раководител на ЦЈЗ Охрид.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје динамиката на смртност во двата градови  во вториот есенски бран  е речиси идентична.

– „Во Охрид имаме зголемена смртност  споредбено со првиот бран во пролетниот период се должи на повеќе фактори старосната граница на луѓето кој се тестираат и покажуваат тешка умерено тешка клиничка слика  и секако болестите со кои се справуваат во текот на својот живот “, додава Точков.

Од почетокот на ппандемијата до минатиот викенд  како последица на компликации од корона вирусот  во Струга починаа 85 лица,  во Охрид 49.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани