Оштетувањето од страна на несвесни граѓани се случува во време на заострени олитички односи меѓу двете земји.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски го осуди сквернавењето на паметникот за бугарските туристи кои загинаа во бродската несреќа во Охридското езеро, откако бугарските медиуми јавија за инцидентот.
„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Апелирам до граѓаните да се воздржат во вакви и слични вандалски однесувања и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.“, објави Георгиевски.
Претходно и Министерството за надворешни работи најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот “Илинден”, во која настрадаа бугарски туристи, на 5 септември 2009 година.
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабока огорченост во врска со богохулното дело на сквернавење на споменикот на жртвите од бродот „Илинден“ во Охрид, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи.
Ваквиот однос кон сеќавањето на бугарските туристи кои починаа на 5 септември 2009 година е недопустлив. Се надеваме дека овој вандалски чин нема да остане незабележан од властите во Република Македонија и сторителите на срамниот чин ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата, нагласува бугарското МНР.
Во Свр Охрид нема пријава за било какво оштетување на споменикот , вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.