Во согласност со мотото на клубот за донирање на средства и опрема каде што е најпотребно, делегација на ЛК „Десарети“-Охрид, ја предаде опремата за Општата Болница во Охрид, што се состоеше до 4 вентили за кислород, наменети за борба со КОВИД 19.
Со помош на неколку фирми, обезбедена е вредната донација. За само два дена беа набавени и доставени 4 вентили за кислородни боци со сите пропратни елементи. Ваквата опрема е повеќе од потребна во овие лоши времиња за целото човештво.
Од клубот информираат дека сакаат оваа акција да му ја посветат на Големиот Човек, хуманист, лекар, уметник, и еден од основачите на лајонизмот во Охрид, но и пошироко, а тоа е Драган Спасески-Охридски, кој прерано си отиде во вечноста.
Апел до сите институции, организации, деловни субјекти и поедници да се насочиме во овие тешки моменти, кој колку може и на начин каков што може да се помогне во борбата со КОВИД 19.