За самиот проект проф. Тунтев ќе истакне дека значајни му се две работи. Прво, пријателство и соработка со Митровиќ. И второ, станува збор за објект со специфичен архитектонски израз, без сомнение еден од најдобрите репрезенти на Брутализмот во Македонија, па затоа заслужува посебно внимание.
Од друг страна Митровиќ истакна дека е воодушевен од ентузијазмот на Тунтев и на целокупниот ЛК, дека ова преставува подвиг со кој архивот полека но сигурно го добива својот сјај и пропагирање какво што заслужува. Соработката со проф. Тунтев не застанува тука, ние и претходно имавме прекрасни проекти за кои се заинтересираа дури и одредени амбасадори но веќе можам да откријам дека наскоро градот Охрид ќе биде воодушевен од еден заеднички наш проект кој набрзо ќе се реализира.