На средбата во Струга министрите за земјоделство на двете земји кажаа дека заеднички ќе работат на зајакнување на заштитата на рибниот фонд и борба со рибокрадството.
Министерствата се обврзуваат да водат поголема грижа за заштита на рибниот фонд во двете езера кои ги делат. Во блиска иднина останува забраната за комерцијален риболов, Охридското езеро нема да се издава под концесија.
–„ Ние сме во тек со сите активности државниот инспекторат има извештаи за преземени мерки за криволов. И ние ке продолжиме со ист интензитет да спречиме било каква злоупотреба на луге кои сакаат да наштетат“ , истакна Арјанит Хоџа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ.
Двете земји заеднички ќе ги порибуваат езерата за зголемување на рибниот фонд и возобновување на ендемичните видови риби.
-„Целта на овој договор е да се дисциплинира аспектот на риболов. Да се создаде структура која што ќе проднонесе да бидеме дициплинирани во начинот на кој се врши риболовот. Фаауната нема ни пасош ни граница“, истакна Бледар Чучи министер за земјоделство на Р. Албанија.
Во Поградец изграден е рибник за размножување на најзагрозената ендемична риба познатата охридска пастрмка. Се одлегуваат 1 600 000 подмалдок пастрмки со кои ќе се порибува езерото.
Новинар Соња Рилковска