ВИДЕО: Пештерната црква Света Богородица во Велгошти

Во чест на празникот Пречиста го објавуваме ова прекрасно видео од малку познатата пештерна црква Св. Богородица, која се наоѓа во близина на с. Велгошти и североисточната периферија од Охрид.

 

Црквата „виси“ над реката Чардачница, длабоко всечена во карпи кои образуваат живописен кањон. А кога ќе стигнете, ако внимателно се загледате, отспротива високо во карпите се отсликал ликот на Св. Богородица.

Од некогашниот фреско-живопис зачувани се само фрагментирани остатоци во олтарниот простор од кои се доаѓа до сознание дека црквата била употребувана за монашки потреби кон крајот на XV и XVI век.

Пристапот кон црквата е од с. Велгошти и од Охрид, по земјена патека, која се искачува по карпестиот терен и ве остава без воздишка.

 Видео

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани