Момчето со Даунов синдорм изминативе години важи за најдобар уличен продавач во земјава. Располага со исклучителни комуникациски способности. Охриѓани и стружани добро го знаат по неговата прекрасна насмевка.
Игор денес е рамо до рамо со своите колеги, вработените во Центарот за поддршка на лица со интелектурална попреченост во Струга „Порака Нова“.Тој е горд бидејќи прдонесува за семејниот буџет.
– „Го купуваат списанието запознавам пријатели со сите се дружам. 0517 Со ова што го работам со списанието придонесувам во домашниот буџет“ , вели Игро Шајноски.
Осум години хонорарно го продавал списанието , за од април годинава да биде конечно вработен. Нема разлика меѓу Игор и неговите колеги, тој активно учествува во целокупната работа на Цетарот „Порака Нова“.
–„Игор е заедно со нас во канцеларија и буквално не се чувствуаа никаква разлика го чуствуваме како наш колега. Последниот период правевме анализи и стратегија Игор придонесуваше во целиот тој процес “ , вели Анита Гагоска од Центарот „Порака Нова“
Игор на терен носи заштитна маска и држи дистанца, свесен за ризикот од корона вирусот. Вели го загрижува тоа што во пандемијата паднала продажбата на списанието.
–„Го продавам списанието Лице в лице но во ова време на пандемијата мислам дека е многу тешко и падна и продажбата“ , додава Шајноски.
Игор е еден од деветте илјади продавачи на уличен печат во 35 земји ширум светот , тој е првиот вработен во земјава.
Новинар Соња Рилковска