Механизацијата е на терен, објектот ќе се поставувава веднаш до Инфективното одделение, а ќе има дополнителни 40 кревети за лекување на ковид позитивни.
Менаџментот најавува и изградба на кислородна станица за снабдување со кислород на сите одделнија во болницата, бидејќи дневно се трошат и по педесет кислородни боци.
–Охрид како град заслужува да има една таква кислородна станица за следните 50 години без разлика какви болести ќе додјат населението да ииа доволни количини на едноставен начин да добива кислород. Да нема вака префрлување на боци и други работи , вели Горан Балевски директор на Општа болница Охрид
Во моментов во охридската болница има 105 хоспитализирани пациенти од кои педесет се на кислородна поддршка. Има уште десеттина слободни кревети.
– Пред два дена еден пациент најмлад 29 годинишен го препративме на Инфективната клиника во Скоппје со тешка клиничка слика. Лежечките пацинети се на возраст од 40 до 89 години , додава Балевски.
Во Охрид започнаа да се прават и брзи тестови, Струга ги одби брзите антигенски тестови бидејки нема кадровски, ниту просторни услови.
–Прво се кадровски. Во барањето се бараат двајвца лаборанти и биохемичар ние имаме еден, Треба две простории ние имаме една. Во прашање се два услови што не можеме да ги исполниме, вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.
Во моментов во Охрид има 574 активни слуаи на корона а во Струга 457. Модуларните болници во двата градови се оечкува да бидат поставени до крајот на годинава.
Новинар Соња Рилковска