ЖЦ Бисера со сопствени средства, средства од покровителството на годинешната тортијада, која од оправдани причини оваа година не се одржа, како и средства од хумани граѓани, обезбеди и достави 120 Охајо маски за кислородна поддршка, за потребите на пациентите хоспитализирани во Охридската Болница. Голема благодарност до покровителот на тортијадата, Наташа Спасеска Цветкоска, како и донаторите Милчо Колевски, Димче Канивче и Џејн Симпсон. Веруваме дека со овој наш хуман гест ќе иницираме да се вклучат со свои донации нашите сограѓани,НВО,и бизнис секторот во борбата против Ковид – 19.