Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти за празниците

Идната недела ќе се одлучува дали ќе се скрати дополнително работното време на угостителските објекти пред новогодишните празници.

Со цел да нема собири и прослави највени се засилени контроли од Инспекцискиот совет.

Засилени инспекциски контроли во угостителските објекти во пресрет на новогодишните празници најавија од Инспекцискиот совет .

-Инспекциските служби не учествуваат во процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме. Без разлика, онака како што стојат сега работите инспекторите, особено од Пазарната инспекција, но и од сите други, се постојано на терен и секојдневно максимално ги искористуваат капацитетите и како се приближуваат празниците ве уверувам дека уште повеќе ќе ги интензивираат надзорите, рече Филиповска Грашкоска.
Министерот за здравство Венко Филипче апелираше граѓаните да не се собираат за празниците не ја исклучи можноста за ограничување на работното време на угостителските објекти.

-Сакам да упатам една порака до граѓаните, дека ова е еден голем ризик. Собирите за време на новогодишните празници се огромен ризик да се појават мини кластери кои дополнително ќе го оптеретат здравствениот систем. Ние предложивме да има дополнителни мерки и на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести ќе дискутираме за работно време на угостителските објекти, вели Филипче.

Во однос на карантин и полициски час за време на празниците Филипче смета дека нема да има потреба бидејќи донесените мерки добро функционираат и веќе има намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците.

– Ние веќе имаме намалување на факторот на преносливост и бројот на пациенти низ болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември. Но, работното време на места на кои што може да се собираат луѓе, за тоа ќе се дискутира на состаноците, потенцира Филипче.

Инспекторатите, пак, кои редовно регистрираат угостителски објекти кои работат по 21 часот и со повеќе гости на маса од дозволеното, најавија засилени инспекции во тек на празниците за да се спречат евентуални прослави, односно групирања на луѓето.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани