Платформата „Дома си е дома“, преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам, ќе биде затворена за реализација на оваа мерка денес.
Хотелиерите пак, кои имаат гости коишто користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.
Хотелиерите неодамна бараа да се продолжи рокот на важност на ваучерите со цел да има гости и во зимскиот период, но владата не го пприфати предлогот.