Луѓето ќе се собираат по станови и викендици каде нема никаква епидемиолошка контрола.
Кога би работеле кафулињата инспекторите многу полесно да извршат надзор во однос на почитувањето на здравствените препораки.
-„Ваквата мерка која што сега ќе биде на сила мислиме дека ќе постигне спротивен ефект од ппичини што луѓето коишто ке се собираат настрана од урбаните средини, било тоа да биде планински одмор, дека многу помалку ќе бидат контролирани и развојот на болеста ќе биде поголем“ , вели Михаил Мишев претседател на здружението Угоститески еснаф Охрид.
Со кратењето на работното време до 18 часот ќе се ппредизвикаат и несогледливи, долгорочни финансиски последици во угостителскиот сектор, кој во пандемијата ионака е во колапс.
-„Штетите во угостителскиот сектор ќе бидат несогледливи, за скоро време ние не очекуваме да има убава разврска, но што е тука е и ние сме дел од општеството ќе се справуваме “, додава Мишев.
Поради намалениот обем на работа и рестрикциите ппредизвикани од корона вирусот изминатиот период голем број од вработените во угостителскиот сектор останаа без работа.
Новинар Соња Рилковска