Новинарите непожелни во Центарот за социјални работи Охрид, директорката не дава информации

Директорката на Центарот за социјални работи Охрид Ајтен Муслиу не дава информации на новинарите.

Откако месец и половина залудно се обидуваме да стапиме во контакт со директорката  Муслиу , која не одговара на телефонските повици,  ниту на смс пораките,  вчера отидовме во Центарот за социјални работи,  каде очекувано немаше никој од надлежните кои ги побаравме за информации на чело со Муслиу.

Со една  од вработените раководител на Секторот  за семејно насилство, која немаше податоци се договоривме да снимаме денес во 11ч.

Кога денес отидовме со колешката , на заклучената врата  ни кажаа дека треба да се чуеме со директорката Муслиу, која замислете денес за прв пат дигна  телефонска слушалка.

Учтиво и кажавме дека ја бараме со месеци за информации, но таа одговори дека имала семејна трагедија па се` уште не можела да се соземе. Разбираме, и` изразивме сочуство за починатиот родител и побаравме да си ја завршиме работата.

 Муслиу рече: „ Нема изјави за медиуми  донесена е  таква одлука , пандемија е“.

Неразбрливо, ние секојдневно пренесуваме информации од сите сфери важни за јавноста, како може да нема информации во време на пандемија. Токму дека е пандемија има пораст на семејното насилство, има пораст на социјалните случаи…….. а јавноста треба да го знае тоа, одговоривме.

-„Не можам да ви помогнам,  нема изјави во камера“, отсечно одговори Муслиу.

Се сменаа многу директори во Центарот за социјални работи во Охрид, никој досега немал ваков однос кон новинарите и медиумите. Центарот  стана нетранспарентна и затворена институција  за нас, а може да замислите каков е односот кон најранливите категории на граѓани.

За случајот е запознаено и Министертсвото за труд и социјална политика.

ПС: Фотографиите се денешни,  автомобилите се во дворот на Центарот пед самиот влез. 

пишува Соња Рилковска

Фото Охриднет.ком 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани