Скандалозно е тоа што во програмата на петдневното патување со автобус се нуди богата забава и журки во угостителски објекти. .Во понудата стои: дочек на Новата година во познати клубови и ресторани, афтерзабави со ди џеи на бродови, дневни журки, посета на културно историските знаменитости со водичи и сето тоа за 49 евра. Но, со новите рестриктивни мерки, кои стапуваат на сила од утре угостителските објекти ќе работат само до 18 часот, а забрането е групирање на отворено и организирање забави.
-„Знаете дека нема дочек во клубови и барови?.Добро, добро. Во вашата програма стои дека има. Нема, знаеме и кај нас е иста состојбата , после 17 часот никој не работи од вчера ни воведоа и ПЦР тестови така да од дочекот на Нова година нема да биде ништо“, велат од Макс Травел Србија.
Од српските туристички агенции се правдаа, велат изминативе години Охрид бил најбараната Новогодишна дестинација, па затоа понудите ги направиле пред еден месец, но истите се` уште им се активни на интернет. -,
„Пред еден месец кога беше потивка состојбата со короната ние започнавме да рекламираме мислевме дека ќе биде нешто, но изгледа нема да биде ништо бидејки состојбата се влошува“, велат од Макс Травел Србија.
Туристичките работници велат ова е недоразбрање поради законската регулатива, која дозволува странските тур оператори самостојно организираат тури, а немаат доволно информации.
-„Доколку оваа регулатива се промени јас сум сигурен дека странските тур опеаратори навремено ќе ги добиваат информациите, навремено ќе ги менуваат програмите и нема да се соочуваат со вакви проблеми“, вели Филип Стефаноски сопственик на ТА во Охрид. Доклку странските тур оператри задолжително би сорабтувале со домашните, тогаш нема да има вакви измами на грбот на туристите. Новинар Соња Рилковска