Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на 18.12.2020 година Полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид спроведе засилени сообраќајни контроли во градот и приградските населби.
Притоа, полициските службеници констатирале дека двајца возачи управувале возила под дејство на алкохол. Tие биле исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во текот на контролите, регистрирано е дека 23 возила извршиле непрописно престигнување и на возачите издадени им се прекршочни платни налози. Во пресрет на претстојните празници СВР Охрид ќе продолжи со засилени контроли во сообраќајот.