Триесеттина викендици во Трпејца треба да се уриваат

Триесеттина викенд куќи на најатрактивните локации на брегот на Охридското езеро околу селото Трпејца добија мислење за уривање.

Тоа се дивоградби во строго заштитениот појас до 50 метри на езерскиот брег и не може да се легализираат. Овие објекти имаат негативно влијание врз зачувување на статусот на Светско природно наследство заштитено од Унеско. 470 дивоградби во НП Галичица чекаат легализација, тие се изградени во 18 те населби во рамките на паркот.

„Имаме доставено дополнителен список на бесправно изградени обејкти кои сметаме дека треба да бидат приоритет во некоја следна акција на уривање, бидејќи силно влијаат врз непреченото одвивање на природните процеси во НП Галичица“, вели Андон Бојаџи од НП Галичица.

Се узурппира секое парче од неповторливата убавина, која е универзално светско богатство. Чуварите на паркот само од октомври до денес затекнаа изградба на три нови бесправни објекти на државно земјиште околу Трпејца.

„Имаше затишје ова почна од октомври навака активности на градење и досега имаме три такви. 1018 Бесправно изградени објекти има многу и државата треба некако да се справи со нив“, додава Бојаџи. Со децении населението гради викендици на самиот брег на езерото. Во седумдесеттите години тогашната власт ги урна дивоградбите во Трпејца , после години населението повторно ги изгради за во 2000 та година да има нивно масовно уривање. Сега има триесеттина дивоизградени објект, кои мора да се отстранат. Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани