Жупан: Уметноста не е на заслуженото место

Самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, ќе добијат финансиска помош од државата.

Повикот за поднесување барања заврши вчера. Месечниот нето-износ ќе биде од 14.500,00 денари до 21 500, зависно од остварените приходи во текот на 2020 година.

Уметниците велат уметноста не е на заслуженото место. Продажбата на нивните вредни дела е драстично намалена. Творат, но нема побарувачка за уметничките творби.

– „Сегашната состојба знам дека е кризна како и за сите дејности така и за уметноста но државата мора да застане позади уметниците малку посериозно да ја пребродат оваа криза“, изјави Љупчо Жупан сопственик на градска галерија  во емисијата Прашалник на ТВМ телевизија. 

Уметниците се најголемите промотори на една земја, колегите од странство во пандемијата добиле огромна поддршка од државата.

-„Ако правиме една споредба со Германија или Англија помошта на уметниците е на високо ниво затоа што тие се свесни дека ументиците се едни од најголемите промотори на земјите и не треба во оваа состојба на криза ументиците да бидат во една состојба на нелагодност“ , додава Жупан.

Во повикот објавен од министерството за култура предвидена е поддршка на уметниците и на културните работници како еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани