Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 59 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-18, Струга-17, Кичево-22, Дебар-02).
–Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 95 контроли врз угостителски и други објекти, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.