Иселениците доаѓаат за празниците, зголемен број на патници на охридскиот аеродром

Иселениците од струшките села се враќаат дома за празниците.

Последните десетина  дена  порасна бројот на патници    на охридскиот аеродром Свети Апостол  Павле. Со летовите од Базел, Дортмунд, Виена и  Цирих пристигнаа    785   патници. Претежно  гастербајтери од регионот.

На аеродромот се запазени безбедносните мерки согласно протоколот се носат заштитни маски има и  дезинфекциони средства.

-„На сите патници им се проверува телесната температура, на пристигнување и на заминување со помош на двете термални камери кои се поставени на овие позиции, согласно пандемискиот аеродромски протокол“ , велат од ТАВ заТВМ.. (писмен одговор)

-И додека светот ги затвора гранците со Англија, поради новиот мутиран корона вирус  од Охрид за Лондон нема летови. Тие беа укинати на почетокот на пандемијата. Првиот лет  за Лутон  е закажан за крајот на март   идната година. Дали ќе има промени зависи од епидемиолошката состојба и ширењето на новиот корона вирус. Од Тав аеродроми велат секојдневно има измени  во возниот ред поради корона вирусот.

Комисијата за заразни болести  предложи  14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија. Засега не се  разгледува можноста за дополнителна мерки.   Додека во соседството се воведени ПЦР  тетови, во земјава оставено е на совеста на граѓаните.

Во првиот бран на пандемијата огромен број иселеници од Италија се вратија во струшко Лабуништа и токму тоа село беше најголемото жариште на корона вирусот со најголем број на заразени и починати.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани