Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „злопупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(40) и И.Т.(52), двајцата од Скопје, вработени во Бирото за метрологија-Скопје.
Пријавените, неовластено издале одобрение за товарно возило „Ман“ сопственост на правен субјект од струшкото село Лабуништа, иако знаеле дека, според правилникот за единечно одобрување на возило од законот за возила, товарното возило, не ги исполнувало условите за такво одобрение. Со тоа, пријавените му овозможиле на сопственикот да изврши регистрирање на возило кое според законот за возила не можело да се регистрира.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.У.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, Тој, како инвеститор и сопственик на семејна куќа на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил доградба над семејната куќа со ѕидови и кровна конструкција. По извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор, изготвено е решение за отстранување на нелегалната доградба.