Реконструкцијата, која се очекува да заппочне на пролет и ќе трае околу 12 месеци е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Првично одобрени се средства во висина од 38 милиони денари, но целиот проект ќе чини 90 милиони кои дополнително ќе бидат обезбедени.
–„Со гордост можам да кажам дека општна Охрид влезе на листата со 38 милиони денари за реконструкција на кејот. Проценетата вредност на целата инцвестиција е околу 90 милиони денари. И сега сме во фаза на одобрување на допполнителни 45 милиони денари о тоа што ќе ја затвориме комлетната финансиска констукција за реконструкцијата на кејот, вели градоначалникот Константин Георгиески.
Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а старите бекатон плочки ќе бидат заменети со нови гранитни. Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хортикултурно уреден.
–„Новиот кеј не може да биде готов до почетокот на сезоната тоа е огромен проект не може да се напави во два месеи. Ние сега да започнеме не можеме да го направиме до сезона. Мегутоа изградбата на кејот ќе биде пповеќе од 12 мсеци. Ќе мора да издриме една сезона со градежни активности ќе се работи во фази нема да биде сето наеднаш раскопано“, додава Георгиески.
Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.Во овој преокт нема да биде опфатено старото руинирано пристаниште, за негова рекоснтрукција ќе се прави доолнителен проект.
Новинар Соња Рилковска