Во сообраќајка повредени две малолтени братчиња на Железничка

Стружанец прегази две малолетни деца на улица Железничка.

Според неофицијални информации се  работи за две братчиња. Едното на возраст од 13, а другото на 8 годишна возраст преминувале на коловозот, кога ги удрило возило со струшки таблици. Децата  се во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо Охрид. Едното имало полесни, а другото потешки повреди. 

Од охридската полиција го потврдија настанот.

-Во моментов се врши увид на лице место за причините за сообраќајната несреќа. Утре ќе има подетални информации, рече портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани