Денеска Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид ја организира Хуманитарната акција” Дарувај од срце“ која ова година ја спроведовме според Протоколите за заштита од Ковид 19.
Подарена е облека,средства за лична хигиена,пакети со храна,обувки,детско столче,новогодишни пакетчиња,украси, елка. Логистичка поддршка беа младите активисти од ЛК на СДММ Охрид.
Подароците беа доделени на Детското одделение и Одделението за стари лица-Геријатрија при ЈЗУ “Општа Болница”, семејства кои се социјално загрозени како и пакети за стари и изнемоштени лица.
Во оваа година која сме окупирани со пандемијата и последиците кои таа ги носи со себе,Форумот на жени се надеваме дека успеа да насмее многу детски лица и лица на возрасни на кои им е потребно внимание и позитивна енегрија, информираат од Фрумот на жени на СДСМ Охрид.