Општина Вевчани нема да го организира карневалот, но Василичарските друштва најавуваат поворка Општина Вевчани ја „замрзнува“ организацијата на вековниот Вевчански карневал. Нема да организира никакви настани, концерти , изложби и забави.Нема да има свечено отворање, нити поканети делегации и гости. Но Василичарските друштва , не се откажуваат од традицијата, најавија дека подготвуваат карневалска поворка. -„Општина Вевчани нити има право, нити би се мешало во такви настани меѓутоа ќе апелираме да нема группно собирање, да нема посети на домовите , да се запазат мерките што ги налага Комисијата. 03 11 Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови“ , вели Сашо Јанкоски градоначалник на општна Вевчани. За Новогодишните празници апартманите и пансионите во Вевчани се резервирани со домашни гости, но прослави очекувано ќе нема. – „Мислам дека ние имаме мал број на капацитети и тие предвреме се пополнети со тоа што нема да има организирани дочеци како што налагаат протоколите“ , додава Јанкоски. Вевчанци живеат за карневалот, тие цела година подготвуваат маски, кои ги држат во строга тајност се` до првото Василичарско оро. За Православна Нова година илјадници туристи беа дел од Вевчанскиот карневал, годинава не смее да има масовност, а ќе мора да се почитуваат и препораките за заштита од корона вирусот. Новинар Соња Рилковска