ОВР Струга: Пожар во куќа, велештанец нападнал лабуништанец

Во пожарот нема повредени лица.

Синоќа во 22.30 часот, на улицата „Славеј планина“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Б.(39) од струшкото село Велешта, врз Н.Ф.(58) од селото Лабуништа. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
На 27.12.2020 година околу 21.30 часот, ОВР Струга пријавен е пожар во куќа сопственост на Ф.М.(55) од селото Радолишта, Во пожарот, во кој нема повредени лица, изгорел дел од кровната конструкција. Интервенирала Територијалната противпожарна единица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани