Полицајците казниле 35 охриѓани и 27 стружани.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 87 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-35, Струга-27, Кичево-19, Дебар-06).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 27 контроли врз угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.