Синоќа во 19,50 часот, на улицата „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со предизвикување и учество во тепачка помеѓу Д.С.(43) од една и Р.С.(35) и Р.Џ.(40), од друга страна, сите од Охрид.
– По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.