Нема празнична еуфорија, раздвижени граѓани насмеани лица.
Хотелите и угостителските објекти полупразни, некои останаа под клуч на врата.
Нема прослава, ниту дочек на Новата година, нема концерти и забави, а согласно протоколите за заштита од корона вирусот забрането е групирање.
Испраќаме една тешка година , во поновата светска историја. Граѓаните со исти желби, 2021 да донесе крај на пандемијата и враќање на животот во нормала.
-Прво добро здравје да ставиме крај на корона кризата подобра економија, вработување на младите и сите желби да се исполнат , вели една граѓанка.
– Се најубаво во 2021, вели друг граѓанин.
-Здравје, среќе е најубаво од тоа нема поубаво. Мир да има, велат граѓаните.
-Здравје убавина и ум да даде Господ на Влада и на сите
Повеќето Новогодишната ноќ ќе ја дочекаат дома, во кругот на семејството, без поголеми групирања и прослави.
-Дома во кругот на семејствт. Дојдовме од Куманово да ги избегнеме гужвите социјална дистанци и слично, велат граганите.
-Дома не одам никаде со фамилијата, вели еден скопјанец.
-Дома в остела и ќе гледаме низ розорец, вели еден охриѓанец.
Угостителските објекти и денес ќе мора да стават клуч на врата во 18ч. Пансионите и хотелите ќе може да полужат вечера најдоцна до 21 ч и да ги испратат гостите. Пазарните инспектори и полицијата ќе вршат засилени контроли. Сите кои нема да го почитуваат законот ќе заработат високи казни, а уготителските објекти ќе им бидат затворени.
Новинар Соња Рилковска