Со цел целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на граѓаните од вирусот Ковид 19, СВР Охрид, деновиве реализира 260 контроли по хотелско-угостителски објекти, приватни станоиздавачи, вили и апартмани во Охрид и приградските населби.
– Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од строго спроведување на предвидените мерка за заштита од Ковид 19 и ги запознаа со казнените одредби за непридржување кон мерките. Беа информирани дека Министерството за внатрешни работи стави во функција бесплатен телефонски број 0800-00-201 и меил адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на Новогодишната ноќ и претстојните празници, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Димоски најави интензивни контроли и целосно спроведување на безбедносните мерки, што СВР Охрид ќе презема и за зачувување на јавниот ред и мир, спречување на имотните деликти и зголемена сообраќајна безбедност на целото подрачје.