На Нoвогодишната ноќ една сообраќајка и затекнати пијани возачи

Една сообраќајна несреќа, исклучени пијани возачи  се дел од црниот биланс на Новогодишната ноќ во охридско струшко. 

 

 Две пијани лица побарале брза понош, а неколку алкохолизирани славеници со повреди завршија на хирургија
Охриѓанец излетал од коловозот кај село Велгошти, а во засилените акциски контроли на полицијата затекнати се тројца возачи под дејство на алкохол.

-„Управувањето под дејство на алкохол беше една од причините зарди кои беа преземени мерки во изминатиот период беа затекнати повеќе возачи од дејство на алкхол тие веднаш се исклучени од сообраќај, а потоа поднесена е соодветна пријава против нив“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР  Охрид. 

При конторлите на полицијата и пазарните инспектори во угостителските објекти, хотелите, апартманите и пансионите немало прекршување на здравствените протоколи. Немало поголеми групирања и забави. Полицијата изрече 40 казни за неносење заштитни маски.

-„Мерките важат за сите и за најмладите и за повозрасните и тука пполициските службеници ќе преземаат законски мерки кон сите лица каде ќе се констатира дека има непримена на меркита за заштита и спречување на вирусот Ковид 19“ , додава Димоски.

Полициските службеници и деновиве остануваат на терен со засилени контроли. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани