Плодна година, досега две новородени бебиња во Охрид

2021 плодна година! Плачот на новородените бебиња  на Новогодишната ноќ  донесе радост на Гинеколошкото одделение во Охрид.

Дежурниот тим со желби за добро  здравје и зголемување на наталитетот во Охрид работно ја дочека 2021 година. 

“Како здраствен работник и лекар пред се во Новата година посакувам здравје на сите граѓани во нашата држава, посакувам конечно да го победиме невидливиот непријател и да ставиме крај на пандемијата која што е актуелна. Како гинеколог-акушер посакувам бериќетна, весела и многудетна година, да се зголеми наталитетот во нашиот град и новиот детски плач и џагор да се слуша во што повеќе домови. Годината во нашето одделение започна одлично, со две новородени досега и сите посакуваме таа бројка да достигне што повисоко. Посебна честитка упатувам  до целокупниот персонал на ЈЗУ Општа болница Охрид, луѓе кои несебично се борат во првите редови во ова време невреме. Останете со добро здравје сите“, вели д-р Горан Маркоски деурен гинеколог на Гинеколошкото одделение во Охрид. 

Во Охридската болница досега има две новородени бебиња. првото беше машко , кое го даруваше градоначалникот на Охрид. 

Тој го дарува со пригодни подароци посакувајќи му добро здравје, среќа и долг живот.

Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата.

Децата и мајките се здрави и живи. Честитки за медицинскиот персонал!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани