Георгиески: 2020 беше тешка година, но успешна за Охрид

Без поголеми прослави, еуфорија и возбуда пристигна новата 2021 година. Испративме една тешка година во поновата светска историја.

Година на пандемија светот се соочи со еден од поголемите предизвици на човештвото. Година на  страв, тага, човечки загуби.

Новата 2021 носи надеж за крај на корона кризата и опоравување на економијата.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески посака здравје и успеси на граѓаните, но и апелира да се слави одговорно да се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.

-,Прво ќе посакам да се здрави и живи да се чуваат . Да издржиме овие  уште неколку месеци додека сите се вакцинираме. 2020 беше една тешка година меѓутоа беше успешна за Охрид. Реализиравме многу значајни  инфраструктурни проекти. Програмата за уредување на градежно земјиште ја реализиравме со 97% тоа значи дека сите проекти кои ги зацртавме , ги планиравме и ги завршивме“,  вели Константин Георгиески  градоначалник на општина Охрид.

Хотелите и угостителите  за разлика од минатото останаа  полуппразни , голем дел од нив  и за празниците останаа   затворени. Очекувањата се  стабилизирање на состојбата со вирусот и на пролет да се врати животот во нормала.

„Комплетно за цела зимска сезона практично нема да работиме почнувајки од крајот на Октомври се` до март хотел Дрим ќе биде затворен за гости,  со надеж дека пандемијата ќе заврши во наредните месеци и ќе се вратиме во нормалниот тек и на  животот и на туризмот и на угостителството“. , вели Ана Јанчева менаџер на хотел Дрим.

2021 треба да биде година на вакцинација и ставање крај на пандемијата.  Годината зад нас  ќе остане запаметена  и  по огромните загуби во економијата и туризмот предизвикани од корона вирусот.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани