Георгиески: Наскоро ќе продолжи уривањето на дивоградбите

Наскоро ќе продолжи уривањето на дивоградбите на брегот на  Охридското езеро, најави охридскиот градоначалник.

Акцијата за која веќе се обезбедени 6 милиони денари поддршка  од владата , ќе започне со отстранување на шанковите и објектите на плажите со цел тие да бидат уредени и подготвени за идната туристичка сезона.

Овој месец се очекува извештајот од реактивната мисија на УНЕСКО, градот не може  да се најде на листата загрозени подрачја, уверува градоначалникот.

-„Охрид нема шанса во јануари да биде ставен на црната листа, ние во Охрид ќе го добиеме извештајот од реактивната мисија. По тој извештај ќе се расправа на сесијата следна која што ќе ја одржи на УНЕСКО, но ние не знаеме кога ќе се одржи  таа сеисја поради кризата со пндемијата“ , вели Константин Георгиески градоначалник на Охрид.

Донесен е Планот за управување со охридско струшкиот регион, откажани се  проектите  за изградба на  ски центарот на Галичица и  експресниот пат за Свети Наум, извршена е регулација на сообраќајот во Стар град, изработен е  Регистарот на бесправни објекти, ова  се дел од реализираните препораки  на Унеско.

-„Една постапка која ќе биде прилично трајна и сложена и треба повеќе ресурси како материјални и правни лекови за постаппувањето по бесправните објекти. Потоа усогласувањето на ДУП со Планот на Унеско тоа е фактички измена на лановите кои што не се усогласени,  тоа сака време и не може да се направи преку ноќ“, додава Георгиески.

Најголемиот предизвик на општина Охрид ќе биде измената на сите детални урбанистички планови за нивното  усогласување со Планот за управување со Охридското езеро.Додека во Охрид се работи, во соседна Струга до денес не е преземен  ниеден чекор за имплементација на препораките на Унеско.

Охридскиот регион и да се најде на листата на загрозени подрачја на Унеско нема да биде национална трагедија, бидејќи нема да биде избришан , туку ќе треба забрзано да се  работи на имплементирање на препораките на Светската организација за заштита на природното и културното наследство.

 

Новинар Соња Рилковска 

 

 

Наскоро ќе продолжи уривањето на дивоградбите на брегот на  Охридското езеро, најави охридскиот градоначалник. Акцијата за која веќе се обезбедени 6 милиони денари поддршка  од владата , ќе започне со отстранување на шанковите и објектите на плажите со цел тие да бидат уредени и подготвени за идната туристичка сезона.

Овој месец се очекува извештајот од реактивната мисија на УНЕСКО, градот не може  да се најде на листата загрозени подрачја, уверува градоначалникот.

-1019„Охрид нема шанса во јануари да биде ставен на црната листа, ние во Охрид ќе го добиеме извештајот од реактивната мисија. 1025 По тој извештај ќе се расправа на сесијата следна која што ќе ја одржи на УНЕСКОно ние не знаеме кога ќе се одржи  таа сеисја поради кризата со пндемијата“ , вели Константин Георгиески градоначалник на Охрид.

Донесен е Планот за управување со охридско струшкиот регион, откажани се  проектите  за изградба на  ски центарот на Галичица и  експресниот пат за Свети Наум, извршена е регулација на сообраќајот во Стар град, изработен е  Регистарот на бесправни објекти, ова  се дел од реализираните препораки  на Унеско.

0159 „Една постапка која ќе биде прилично трајна и сложена и треба повеќе ресурси како материјални и правни лекови за постаппувањето по бесправните објекти. Потоа усогласувањето на ДУП со Планот на Унеско тоа е фактички измена на лановите кои што не се усогласени,  тоа сака време и не може да се направи преку ноќ“, додава Георгиески.

Најголемиот предизвик на општина Охрид ќе биде измената на сите детални урбанистички планови за нивното  усогласување со Планот за управување со Охридското езеро.Додека во Охрид се работи, во соседна Струга до денес не е преземен  ниеден чекор за имплементација на препораките на Унеско, стенд ап.

Охридскиот регион и да се најде на листата на загрозени подрачја на Унеско нема да биде национална трагедија, бидејќи нема да биде избришан , туку ќе треба забрзано да се  работи на имплементирање на препораките на Светската организација за заштита на природното и културното наследство.

Новинар Соња Рилковска 

  •  
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани