Девојката била сопатник во „Пежо“.
Синоќа во 18:15 часот на улицата „7 ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.П.(20) од селото Злести, општина Дебарца и „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(38) од Охрид. По незгодата, А.Т.(18), сопатник во првото возило била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се констатирани телесни повреди.
Портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, соопшти дека увид на местото на сообраќајната незгода извршиле полициски екипи.