17 годишник е повреден, тој е пренесен во болница.
На 04.01.2021 во 02.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(24) од селото Велешта и патничко возило „митсубиши галопер“, со германски национални ознаки, управувано од Н.М.(23) од селото Лабуништа, струшко.
– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17 – годишен сопатник во возилото „даеву тико“, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Струга, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.