ВИДЕО: Патот Охрид Свети Наум со децении се распаѓа

Свлечишта, пукнатини, отворени дупки и крппеници, вака изгледа патот од Охрид до граничниот премин Свети Наум. Тесен, непрегледен и небезбеден.

 

Меѓународната делницата која го поврзува Охрид со главните туристички атракции плажите , комппексот Свети Наум , но и соседна Албанија со години се распаѓа.
Сообраќајницата е многу фрекфрентна, по неа минуваат возила и автобуси бидејки го поврзува градот и со повеќе населени места. Десетици сообраќајни несреќи годишно се случуваат на овој патен правец особено во туристичката сезона.

Современа сообраќајна делница од Охрид до Свети Наум е децениско ветување за охриѓани, кое за жал до ден денес не е реализирано. 

Овој патен правец е изграден пред педесетина години и врз него не се извршени поголеми реконструктивни зафати. Надлежните велат се размислува за негова рехабилитација.

„Зборувавме за рехабилитација на патот од Охрид кон Св Наум да влезе во програмата на јавното претпријатие за државни патишта со цел да овозможиме регинот подобро да функционира“, рече министерот Бочварски при посетата на Охрид.

Во 2014 година беше изработен проект за изградба на експресен пат Охрид Свети Наум. Патот широк 12 метри со четири ленти требаше да се движи над постоечкиот, во планината Галичица, но овој проект пропадна по барање на Унеско. Кога Охрид ќе добие современ и безбеден пат до Свети Наум засега не се знае.

Видео:

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани