64 прекршоци за неносење заштитни маски

Полицијата продолжува со казни за неносење заштитни маски.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 64 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-21, Струга-24, Кичево-18, Дебар-1).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 60 контроли во угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани