Подводен еко Дедо Мраз,наместо подароци чисти отпад

Подводен  еко Дедо Мраз во Охридското езеро. Наместо подароци собира отпад,  кој го фрлаат несовесните граѓани.

Никола Паскали и неговата дружина од НК „Акватек“ традиционално за Новогодишните и Божиќните   празници под вода собираат отпадоци.

Велат нема крај на ѓубрето  кое секојдневно се сретнува на дното на Охридското езеро.  Токму затоа на овој начин со празнични еко акции повторно апелираат да се подигне свеста на граѓаните.

– „Како и секоја година традиционално подводниот еко Дедо Мраз ја изврши својата мисија извадовме многу отпад и уште еднаш  ја покажавме несовесноста на граѓаните и повторно апелираме за чиста животна средина. Да не се фрла отпад и да ги инспирираме младите и другиот дел од населението да се вклучат активно во ваквите волонтерски еко акции“, вели Никола Паскали.

Според еколозите најсериозен проблем и најголемо загадување  се пластичните кеси , кои според најавите годинава треба да  се исфрлат од употреба. 

„Очекуваме 2021  како што најави министерството за животна средина  кеси повеќе да нема. И да се бориме што повеќе пластиката за еднократна употреба  да ја отфрлиме од употреба и да користиме природни биоразградливи материјали“, ддоава Паскали.

Изминатиот период нуркачите од Акватек имаат извадено најразличен вид отпад почнувајки од болјери, вц шолји, кади, кревети и секаков вид на покуќнина.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Подводен  еко Дедо Мраз во Охридското езеро. Наместо подароци собира отпад,  кој го фрлаат несовесните граѓани. Никола Паскали и неговата дружина од НК „Акватек“ традиционално за Новогодишните и Божиќните   празници под вода собираат отпадоци.

Велат нема крај на ѓубрето  кое секојдневно се сретнува на дното на Охридското езеро.  Токму затоа на овој начин со празнични еко акции повторно апелираат да се подигне свеста на граѓаните.

 „Како и секоја година традиционално подводниот еко Дедо Мраз ја изврши својата мисија извадовме многу отпад и уште еднаш  ја покажавме несовесноста на граѓаните и повторно апелираме за чиста животна средина. Да не се фрла отпад и да ги инспирираме младите и другиот дел од населението да се вклучат активно во ваквите волонтерски еко акции“, вели Никола Паскали.

Според еколозите најсериозен проблем и најголемо загадување  се пластичните кеси , кои според најавите годинава треба да  се исфрлат од употреба. 

„Очекуваме 2021  како што најави министерството за животна средина  кеси повеќе да нема. И да се бориме што повеќе пластиката за еднократна употреба  да ја отфрлиме од употреба и да користиме природни биоразградливи материјали“, ддоава Паскали.

Изминатиот период нуркачите од Акватек имаат извадено најразличен вид отпад почнувајки од болјери, вц шолји, кади, кревети и секаков вид на покуќнина.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани