Охрид и за Божик без туристи

Нема странски туристи во охридските цркви. Пандемијата го намали и бројот на верници во црковните храмови.

Балканскиот Ерусалим, за разлика од минатото за Божик нема странски туристи. Во овој период од годината традиционално најбројни беа гостите од соседството.
Иако Божиќ е семеен празник голем број домашни и странски гости го минуваа токму на брегот на Охридското езеро. Главна атракција за големиот христијански празник беа средновековните црковни храмови и културно историските споменици. Свештениците велат и во црквите е намален бројот на верници.

„Тоа е веќе забележително, воочливо јасно се гледа пандемијата си го направи своето и сето тоа е резултат на оваа пандмеиија, но се надеваме по Божји благослов за брзо сето ова ќе исчезне и да продолжиме да живееме онака како што ни приличи како што порано сме живееле и никој и ништо да не не оддалечи од Бог“, вели отец Диме Азески од Дебарско кичевска епархија. 

 

Охрид беше посакувана туристичка дестинација и за Новогодишните и за Божикните празници Почнувајки од крајот на декември се` до празникот Богојавление Водици. Пандемијата ја расипа убавата зимска празнична приказна.

-„ Воопшто немаме резервации што не било пракса претходните години се случувало крајот на ноември да ги имаме родадено тие нај бум празнични денови“ , вели Александар Момироски туристички работник. 

Јануарската зимска сезона завршува со осветувањето на водите на Охридското езеро на 19 јануари , настан што за прв пат нема да биде масовен . Нема да има централна манифестација, денот ќе се одбележи симболично во сите парохиски цркви.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани