09.01.2021 во 21 часот, при контрола на угостителски објект во населба „Св.Стефан“ во Охрид, извршена од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18 часот и биле затекнати пет лица. Околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава. Со цел доследно споредување на мерките за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти, на 09.01.2021 година на подрачјето на Струга, извршени се контроли на осуум угостителски објекти. Притоа, во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растојание помеѓу масите во угостителските објекти и прусувство над 4 лица на одредени маси. Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21) А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта како и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.