Полицијата исконтролирала 42 објекти.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 52 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-18, Струга-13, Кичево-21).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 42 контроли во угостителски и други објекти, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.