Насилници упаднале во струшко казино

Нападнати биле вработени, обезбедувањето и полицајци.

На 12.01.2021 година во ОВР Струга, од слобода се лишени В.М.(34) од струшкото село Корошишта и А.Р.(53) од селото Велешта. Тие, со уште две други лица  во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга извршиле физички напад врз вработената А.А.(24) од Струга и работникот на обезбедување-А.А.(26) од струшкото село Делогожда а потоа и врз полициски службеници кои пристигнале во казиното и преземале мерки за расчистување на физичкиот напад. ОВР Струга работи на расчистување на настанот по што, ќе поднесе соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани