Вевчанци револтирани, вината за инцидентот ја лоцираат во ЕБР

Вевчанци разочарани и засрамени од вчерашниот инцидент.

Велат иако имаше карневал, кој е слика на нивната вековна тардиција и василичарите и присутните почитуваа протоколи.
Се носеа заштитни маски, а полицијата се грижеше за одржување дистанца. Инцидентот го предизвикаа бројните специјалци, кои со комбиња и сирени го растураа карневалот.

„Како вевчанци, како Василичари чувствуваме голем срам за та што се случи во Вевчани. Срам за тие што одлучија на ваков начин со специјалци наоружани до заби да не третираат како племе, како да не разбираме. Многу силна порака испративме со добро да го победиме злото. Се беше во ред додека не настапи ЕБР и сецијалците“, вели Сашо Бетоски жител на Вевчани. 

 При централното дефиле , кое годинава поради пандемијата се одржа без никаква најава и организација, вчера додје до судир меѓу василичарите и полицијата Со жив штит полицијата и специјалците го чуваа плоштадот. Навреди, , пцовки, турканици и приведени граѓани.

-„Дали ве личи вака, на какви празници, ѓубриња! “, револтирана жителка на Вевчани ја навредуваше полицијата.

Градоначалникот на Вевчани вели немаат никаква одговорност, ниту моќ да ги спречат василичарите. Пренагласеното присуство на полицијата предизвика револт кај граѓаните.

„Од утрото беше пренагласено пполициско пприсуство и реакција имаше од граѓаните зошто толку пполиција и специјалци беше видливио и нагласено.  Од тука се јавуваше таа тензија насетував дека и овој момент некој сака да го искористи политички“ , вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани. 

По документирање на случајот полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

 „И покрај претходно постигнатиот договор со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, поголема група на граѓани се собра во Вевчани, поради што мораше да интервенира полицијата “, стои во соопштението на СВР Охрид.

После вчерашниот инцидент полицијата и денес е на терен во Вевчани за да спречи поголемо групирање за завршниот ритуал – палењето на маските од овогодинешниот карневал.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани