Обезбедуваме посовремени услови за одржување на јавната чистота во нашиот град. Започна поставувањето на полу-подземни контејнери кои поседуваат најсовремени стандарди и карактеристики за депонирање отпад.
Во првата фаза, вакви контејнери ќе бидат поставени
Пред влезот на „Горна Порта“;
На пресекот помеѓу улица „Јане Сандански“ и улица „Славеј Планина“;
На пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Даме Груев“ и
На кеј „Македонија“. Овие активности се финансирани од општинскиот буџет. Продолжуваме да работиме за почист и поубав Охрид, вели градоначалникот Константин Георгиески.