Нов случај на семејно насилство во Охрид

Ноќеска сопругот ја претепал сопругата.

Насилник, ноќеска брутално ја тепал својата сопруга откако почнал да ја навредува и да и се заканува. Дознаваме дека, насилникот, пред малолетните деца ја тепал нивната мајка. Зачестени се случаите на семејно насилство а најчести жртви се жените. Институциите треба позасилено и поефикасно да ги штитат жртвите на семејното населство.

Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, „ на 15.01.2021 година околу 03 часот во СВР Охрид пријавено е дека В.С.(41) од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани