Осум денови забранета водата за пиење во Струга

Осум денови забранета водата за пиење и одржување лична хигиена во Струга.

Од градскиот водовод   тече  матна вода. Според анализите на  Центарот за јавно здравје наместо дозволената 1,5, матноста на одредени места  достигнува дури 12

Водата има жолто кафена боја , граѓаните со денови купуваат  флаширана вода, а во време на пандемија не можат да одржуваат  лична хигиена. Револтирани бараат одговорност од надлежните.

Живееме во град на две води,  а постојано имаме проблеми со водоснабдувањето. Ова е недозволиво ,  вели еден стружанец.

-Водата е матна со денови, не ја користиме тоа е ризик по здравјето,  вели друг стружанец.

-Не е за пиење. Со денови е матна. Викаат поради дождот прво немаше вода ради сушата немаше доволно вода, вели трет стружанец.

Струга со години се соочува или со недостиг или со  заматена вода при пообилни дождови. Од јавното претпријатие Водовод вината ја лоцираат  во  неколкуте мини хидроцентрали кај Горна Белица.

– „Компанијата која ги води мини електраните кои користат повеќе вода за да произведуваат повеќе енергија. Имаме барано средба со нив,  испративме допис до нив да преземат мерки доколку не одговорат ние ке им ги раскиниме  договорот и тие објекти од таму ќе се отстранат“, вели  Дашмир Насуфи-директор на Водовод и канализација Струга.

 До пред еден месец стружани се соочуваа со недостиг на вода за што организираа и протест.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани