Вчера казнети 49 капачи на Сараиште

Полицијата вчера евидентира 49 капачи на Сараиште.

Иако немаше централна прослава на Водици Светиот ксрт и водата од Геракомија беа положени кај Сараиште а педесеттина капачи ја продолжија традицијата.

На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Covid 19. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по зарвствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани