ФОТО: Ресортот „Ариа Карпен“ луксузна туристичка приказна во Албанија

Ариа Карпен ресорт&спа е новата туристичка приказна во соседна Албанија.

Станува збор за луксузен ресорт со пет ѕвезди распослан на девствената плажа во областа Карпен – во близина на Каваја Драч. Ресортот кој нуди незаборавен одмор е комплетно нов и беше свечено отворен на 09 јули годинава.

Можно е да е слика од водна површина
Гламурзна понуда за љубителите на незаборавен одмор. Прекрасно сместување, вкусна храна, почнувајќи од традиционална албанска кујна преку интернционална, азиска и италијанска приготвена од вистински мастер шефови, коктели, спа релаксација ,затворен и отворен базен, бањи, медицински и релакс масажи од стручни масери……..
Понуда за алл инклузив сместување за врвно уживање, може да изберете и спиење со појадок или полупансион, се зависи од потребата на гостите.

„Нашите соби се пространи и нудат многу комфорт. Располагаме со двокреветни, трокреветни соби, апартмани или поврзани двојни соби за сместување на 7 или 8 лица. Сите соби имаат ви фи, Тв, бар, сопствен тоалет, клима уреди. Сите соби се со поглед на море. Во нашиот хотел каде и да сте сместени секое утро ќе се будите со незаборавен поглед на море и ќе може да уживате во прекрасното зајдисонце кое навистина е плени“, Ендрит Крои менаџер на хотелот Ариа Карпен ресорт, кој нуди 104 соби.

Плажата на која се наоѓа хотелот Ариа Карпен ресорт го одзема здивот. Се смета за една од најубавите на Јадранското море на албанскиот брег. Ситна мека во златна боја песок. Плажата, како и водата, е многу рамна, што ја прави идеална за мали деца. Пространа и огромна, долга околу 750 метри и широка до 40 метри. Точката на пливање е многу далеку, веројатно повеќе од 100 метри.
Одморалиштето со пет ѕвезди, на една од се уште девствените плажи на албанскиот брег на Јадранското море, има за цел да привлече посетители во текот на целата година, а не само во текот на летната сезона.
Сопственикот вели дека тие главно ги таргетираат туристите од Украина и други источни земји, но и од западните земји и регионот. Сопственикот на новоотвореното одморалиште, Бледи Бајрактари, вели туризмот станува еден од главните сектори на албанската економија.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре

-„Генерално, Алер хотелите работат со различни концепти на услуга, не само ал инклузив, работи со ББ, ХБ и АЛЛ, ние сме го размислувале ова за да имаме различни понуди, и секој клиент да одбере сам тоа што му е потребно, пример може да резервира ББ, потоа ручекот и вечерата да го јадат со a la carte мени, затоа што во сите хотели Алер работат и ресторани со a la carte мени. Истота така имаме и базени, добра плажа, спа, и секоја вечер организираме жива музика за нашите клиенти, и секако имаме добра цена и одлична услуга. Конкуренција има, не само во Албанија, туkу сегде во светот. Конкуренцијата ни помага за ние да бидеме подобри и нормално да даваме уште подобра услуга. Така да конкуренцијата само ја зајакнува работата, не ја уништува “, изјави Ана Бајрактари сопственичка на ресортот.

ARIA Karpen Resort & SPA, едел од синџирот ALER Group, кој располага со 7 хотели во Албанија, има за цел да донесе на албанскиот туристички пазар нов стандард за оваа речиси неразвиена област на брегот на Каваја, нудејќи тивок пакет за одмор, далеку од хаосот во населените крајбрежни области и услуги од пет категории. За разлика од остатокот од синџирот хотели, кои главно се посветени на странските туристи и работат во најголем дел во летната сезона, ARIA Resort ќе биде отворен за албанскиот пазар и ќе остане отворен во текот на целата година. СПА услугите и зимските базени со топла морска вода сигурно ќе го направат одморалиштето ваш избор за викенди, кога во зима ќе сакате да избегате од градската гужва.

Можно е да е слика од спална соба

„Во текот на зимскиот период чекуваме голем број гости од Албанија, Македонија и Косово. Нашиот хотел е изграден во две одделни згради , едната има 5 ѕвезди, додека другата 4 ѕвезди.Две сауни, фитнес центар, два базени и затворен и отворен базен, ресторан и лаунџ бар на врвот од хотелот каде секоја вечер имаме караоке забава и најубави коктели“, додава Крои.

Оваа сезона ресортот се уште е комплетно букиран со туристи од Украина, Русија и Белорусија.
Каваја е општина централно лоцирана во регионот на Западните Низини во Албанија, на 17 км од Драч.

Годинава и покрај пандемијата Албанија бележи рекорден број на туристи. 

ВИДЕО: 

ФОТОГРАФИИ:

Можно е да е слика од водна површина

Можно е да е слика од надвор

Можно е да е слика од надвор

Можно е да е слика од внатре

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од надвор

Можно е да е слика од базен

Можно е да е слика од еден или повеќемина

Можно е да е слика од спална соба

Можно е да е слика од спална соба

Можно е да е слика од пијалак

Можно е да е слика од плажа, самрак, природа, облак и океан

Можно е да е слика од небо

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани